Г.Стејт ја урна Оклахома, Сакраменто прв пат победи во Далас по 22 порази по ред!

Loading

Само 4 средби се одиграа во НБА лигата.

nba-logo

Голден Стејт Вориорс ја забележаа 44-та победа по ред на домашен терен и го израмни рекордот од 30 април 1995 до 4 април 1996 на генерацијата на Чикаго предводена од Мајкл Џордан.

Голден Стејт, во дербито, славеше против Оклахома со 121:106. Стеф Кари постигна 33 поени, Клеј Томпсон 21, Барнс 14 поени, 7 скока и 5 асистенции, а Грин имаше 14 поени, 8 скока и 7 асистенции.

На спротивната страна Кевин Дурент беше на чекор до ’трипл дабл’ од 32 поени, 10 скока, 9 асистенции, Расел Вестбрук постигна 22, а Ибака 20 поени.

Сан Антонио е единствениот тим во лигата кој успева да го следи Голден Стејт. Спарси против Њу Орлеанс стигнаа до 52-та победа во сезоната.

Ленард со 30 поени и 11 скокови, односно Ламаркус Олдриџ со 26 поени ги предводеа Спарси до победата од 94:86.

Сакраменто стави крај на серијата од 22 последовни порази во соочувањата со Далас. Сакраменто славеше нагости со 104:101.

Казинс постигна 22 поени, 13 скокови и 5 асистенции, Рондо имаше 18 поени и 12 асистенции, а Марко Белинели уфрли 16 кошеви.

Мајами рутунски триумфираше против Феникс со 108:92, а во триумфот на жешките се истакнаа Двејн Вејд со 27 и Горан Драгиќ, кој на својот поранешен тим му уфрли 15 поени.

За вечерва 10 средби на нба програмата.