Немања Видиќ и Рио Фердинанд беа еден од најдобрите дефанзивни тандеми во своето време.
Рио го следеше шокантниот пораз на својот поранешен клуб во дербито со Ливерпул на Олд Трафорд со (0:5).
Тој на социјалните мрежи објави фотографија на која лежи во болнички кревет, но не откри која била причината што завршил во шок соба.
„Овие 60 минути ме испратија во шок собата… Господе“, напиша Рио.
Потоа на Инстаграм анализираше што се случи во неделата на Олд Трафорд.
,, Понекогаш резултатот не е оној за кој се боревме. Понекогаш резултатот не е онаков каков што сакавме. Сето тоа е поради нас, затоа што не постои никој друг што можеме да го обвиниме. Навивачите повторно беа одлични во поддршката. Тие заслужуваат повеќе од ова, многу повеќе и наше е да им го испорачаме. Време е! рече Фердинанд.
This 60 mins have sent me to A&E…
FFS🤬🤬🤬#MUNLIV pic.twitter.com/4Ktb3gQqo5
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) October 24, 2021
По 0:4 на полувремето, забележани се реки навивачи кои ги напуштаат трибините на Олд Трафорд, што досега не се случило.
По 9 одиграни кола Јунајтед се лизна на седмото место и во следниот месец се очекува да одигра тешки натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.