Моментот што се случи во 76. минута предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Натпреварот од 24. коло на бразилскиот шампионат помеѓу Флуминенсе и Форталеза (0:2) го одбележа судирот на Фред со крилото на Форталеза, Роналдо.
Во 76. минута од играта, Фред се најде во дуел со Роналдо. Поранешниот напаѓач на Лион и бразилската репрезентација само го допре фудбалерот на гостинскиот тим со рака, а потоа следеше урнебесен актерски настап. Роналдо падна на земја како некој да го удрил со чекан, а потоа почна да се тркала по теренот.
Напаѓачот на Флуминенсе ги загуби нервите кога виде што прави неговиот ривал, па го фати за дресот и буквално го подигна од теренот. Имаше голема гужва, соиграчите веднаш интервенираа и ги разделија.
Фред доби жолт картон, а Роналдо не беше санкциониран за срамната симулација…