Синот на легендата Енцо Ферари ни откри во каква состојба е Михаел Шумахер!

Loading

Синот на легендарниот Енцо ферари, Пјеро, со една реченица открил каква е здравствената состојба на Михаел Шумахер. Седумкратниот светски првак, пред нешто помалку од 8 години, доживеа тешка скијачка несреќа во француските Алпи.

шумахер1

Од тој 29.декември 2013 година, нема детални информации за состојбата на Шумахер. Семејството не дозволува никакви информации да дојдат до медиумите. И документарниот филм на „Нетфликс“, чија премиера се одржа на 15.септември не откри ништо за здрвствената состојба на Германецот.

Пјеро Ферари, потпретседателот на компанијата, говорел за деновите на Шумахер во славниот тим.

„Секогаш со радост се сеќавам на деновите кога Михаел возеше. Тој беше едноставен, искрен и чесен човек. Уживав во разговорите со него. Михаел не е мртов, тука е со нас, но не може да комуницира“, рекол Пјеро Ферари.

Тој исто така му даде голема поддршка на наследникот на Михаел, неговиот син Мик Шумахер.

,, Тој си го гради својот пат во Формула 1 и ние потполно го поддржуваме. Се надеваме дека во 2022 година ќе добие болид за да покаже се што знае и умее,, рече Пјеро Ферари.