Добри вести пристигнаа за семејството Шумахер. Џина Шумахер објави дека е бремена и чека девојче со својот партнер Џаин Бертке.
Таа тоа го потврди на социјалните мрежи, па така Михаел Шумахер ќе стане дедо.
„Со големо нетрпение го чекам доаѓањето на нашето девојче. Новиот јавач ќе пристигне во април 2025 година“, напиша Џина и закачи фотографија од пони опкружено со розови балони.
Џина е голем обожавател на коњи и сака да ги јава, што може да се види од нејзината објава.
Ова секако е добра вест за семејството Шумахер, особено поради сите случувања со легендарниот Михаел.
Се уште нема проверени информации за неговата вистинска состојба, бидејќи неговата сопруга Корина и семејството држат се во строга тајна.