(ВИДЕО) Нема крај на проблемите и кризата во Манчестер Сити!

Loading

Фудбалерите на Манчестер Сити се во катастрофална форма во последните два месеци. На последните 12 средби имаат само една победа, две реми средби и девет порази.

Само се редат проблемите за Сити и тренерот Пеп Гвардиола откако загубија и од Астон Вила во 17. коло од Премиер лигата.

Мечот со Вила го играа без повредениот Рубен Диас. Португалецот се повреди минатиот викенд кога Граѓаните загубија од Манчестер Јунајтед.

“Рубен ќе биде надвор од протоколот три или четири недели. Тоа има проблем со мускулите. Одигра 75 минути против Јунајтед и почувствува нешто. Но, тој е силен и сакаше да остане на теренот”, изјави Гвардиола.

Мануел Акањи, Матео Ковачиќ и Џон Стоунс се вратија на нормалните тренинзи и играа против Астон Вила, но залудно.

Дијас сезонава одигра 13 натпревари во Премиер лигата, а 19 во сите натпреварувања. 

Со новиот пораз тие паднаа на 7-то место во Премиер лигата со 27 бода дури 9 помалку од лидерот Ливерпул кој пак има и два меча помалку.