(ВИДЕО) Сам против сите – Сцена која го обиколи светот, храбар навивач им се спротистави на хулиганите!

Loading

Навивачки нереди го одбележаа реваншот од полуфиналето на Конференциската лига меѓу АЗ Алкмар и Вест Хем.

фото: @Freddiebonfa on Twitter

Фудбалерите на Вест Хем се пласираа во финалето на Конференциската лига, бидејќи на гостински терен го победија АЗ Алкмар со 1:0. Првиот натпревар во Лондон заврши со победа на Вест Хем од 2:1.

Приврзаниците на холандскиот тим по последниот судиски свиреж упаднаа на главната трибина на стадионот во Алкмар каде се наоѓаа навивачите на гостинскиот тим, пред се пријателите и членовите на семејството на фудбалерите на Вест Хем.

Еден храбар навивач на Вест Хем успеа сам да ги заштити семејствата на играчите од разбеснетата орда холандски хулигани.

Ултрасот на Вест Хем, познат по прекарот „Кнолси“, стоеше на врвот од скалите за да ги спречи хулиганите да се пробијат пред да дојде помош од редарите и полицијата.

Исто како на филм, еден по еден ги тепаше домашните навивачи, им удираше шлаканици и ги фрлаше по скалите. Тој не им дозволи да влезат на трибината каде што беа навивачите на Вест Хем и нивните семејства.

Нолсиер по натпреварот беше прогласен за херој, бидејќи самиот се бореше против насилниците, а прашање е како се ќе завршеше доколку хулиганите на АЗ Алкмар успеаа во намерата.

„Кнолси е легенда. Ги спречи домашните хулигани да стигнат до семејствата на играчите. Дајте му билет за финалето. Седевме зад девојката на Тил Карера, Нолси се загрижи за неа и отиде до врвот на скалите да го спречи нападот од навивачите на Алкмар“, откри еден од навивачите на Вест Хем.

https://twitter.com/freddiebonfa/status/1659335576363909120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1659335576363909120%7Ctwgr%5E805e06f525df630e9c22a72413fdd196d3366024%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F4164500%2Fnavijac-vest-hema-sam-stitio-porodice-igraca-od-huligana

По избивањето на конфликтот, играчите на Вест Хем излегоа на трибината да ги заштитат своите приврзаници. Холандската полиција набрзо интервенираше и по десетина минути мирот беше вратен на стадионот.

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, по натпреварот размислуваше за инцидентите и рече дека играчите само сакале да ги заштитат семејството и пријателите.

„Моите родители и моите пријатели исто така беа на трибините. Видов што се случи само подоцна“, додаде тој.