(ФОТО) Императорот конечно рипна во тавче – Се ожени со преубава фризерка која е 15 години помлада!

Loading

Легендарниот бразилски фудбалер Адријано, се ожени со 25-годишната фризерка Микаела Мескита.

Иако церемонијата беше закажана за 30 ноември, популарниот император и неговата избраничка изненадија со објавата дека легално се маж и жена.

Поранешниот репрезентативец на „кариоките“ и ас на Интер официјално излегува со Микаела од минатата година, а со неа ја изневеруваше и Викторија Мореира, студентка по медицина и модел.

Пред тоа, поранешниот играч на Фламенго, Фиорентина, Парма, Сао Паоло, Рома, Коринтијанс, Атлетико Параненсе и Мајами Јунајтед беше со Биа Миранда, која во тоа време беше само полнолетна.

Адријано има три деца, своевремено важеше за наследник на Роналд Феномено, а во 2004 и 2005 година беше во топ 10 во трката за Златната топка.

Тој го направи своето деби за Бразил на 18-годишна возраст и беше најдобар стрелец на Копа Америка во 2004 година кога ја освоија титулата.

Покрај тоа, една година подоцна го освои Купот на конфедерации со репрезентацијата, а вкупно забележа 48 настапи и постигна 27 голови.

фото: Profimedia