Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ често посетува ресторан во Марбеља, чии работници решиле да откријат што јаде и како се однесува кога ќе ги посети.
Новак секој слободен момент го поминува во семејната куќа во Марбеqа, па жителите на ова топло шпанско одморалиште често имаат можност на прошетка да го видат, но и кафетеријата на шпанскиот тениски клуб од овој град.
Менито вклучува голем број јадења, особено веганските кои Новак ги преферира, а се издвојуваат зелените производи, бадемовото и кокосовото млеко, авокадото, овошјето, спанаќот, пренесува „TennisWorldUSA“.
Вработените во овој објект откриле дека омиленото јадење на Новак од веганските менија е торта од банана која се прави без шеќер и чини пет евра.
Еден од работниците призна дека е голем обожавател на Роџер Федерер, но смета дека Џоковиќ е најдобриот играч на сите времиња, додека друг вработен застана во одбрана на Новак кога е во прашање вакцинирањето.
„Навистина не разбирам зошто луѓето се насочија кон него кога се во прашање вакцините. И мислам дека слободата на сите мора да се почитува“, јасен е тој.
Вработените во кафетеријата додадоа и дека Новак е едноставен човек, коректен и пристоен, скромен и вреден.
Тие истакнаа и дека е многу концентриран кога доаѓа да тренира, но дека секогаш се однесува како секој член на клубот. Најчесто доаѓа со децата и таму си игра со нив.