ВИДЕО: Ова е неверојатната паненка во ракометот – Голманот падна на грб, публиката стана на нозе!

Loading

Пред неколку дена во данскиот ракометен шампионат, Алборг рутински го победи тимот на Холстебер (36:27), а на ракометните терени вирален стана досега невидениот потег на играчот на Алборг, Бастер Јул.

Имено, Жул постигна гол од седмерец на начин каков што досега не е виден во ракометот.

Тоа беше еден вид ракометна паненка. Јул направи замав како да шутира, а потоа му ја фрли топката под мишка и така го префрли голманот кој на грб заврши на подот. Секако, следеше аплауз од салата.

„Го вежбав на тренинг кога од шега шутиравме пенали. Тоа го правев многу пати на тренинзите, имав голема самодоверба и сега решив да го направам тоа во игра“, изјави Јул.

„Гледам дека голот беше извонреден, но мечот веќе беше завршен, беше од забава и нешто дополнително за публиката. “, додаде 28-годишниот Данец, кој го заврши споменатиот дуел со седум гола.