Поранешниот европски шампион Босна престанува да постои

Loading

КК Босна престана да постои

Поранешниот кошаркарски првак Босна престанува да постои поради големи финансиски проблеми, со што згаснува колективот кој во 1979 година се искачи на кровот на Европа. Босанските медиуми пишуваат дека финансиската криза во изминатите месеци била неиздржлива, па Босна морала да се припои кон кошаркарскиот клуб Ројал, со што клубот и дефинитивно згаснал.

Некогашниот клуб Босна трипати беше шампион на поранешна Југославија, а во 1978 година ја освои двојната круна. Следната натпреварувачка сезона овој тим беше најдобар во Европа, а во него играа Мирза Делибашиќ, Жарко Варајиќ, Ратко Радовановиќ, кои во финалето на Купот на европските шампиони го совладаа италијанскиот клуб Варезе.

За жал, веќе Босна нема да постои.