Новак Џоковиќ е фаворит број 1 за титулата на Роланд Гарос

Loading

Новак Џоковиќ оваа година е главен фаворит за освојување на тенискиот гленслем Ролан Гарос.

GENERAL ATMOSPHERE

Рафаел Надал е далеку од препознатливата форма, па токму затоа букмејкерите и обложувалниците сметаат дека Србинот конечно ќе стигне до првиот трофеј на Отвореното првенство на Франција, единствениот гленслем кој му недостига во неговата колекција.

Скоро сите светски обложувалници сметаат дека Надал оваа година на Ролан Гарос нема да може да стигне до победничкиот трофеј, што отвора можност Србинот конечно да триумфира во Париз.

Просечна квота на Џоковиќ за освојување на Ролан Гарос е 1,90, додека за Надал е 3, а интересно е тоа што квотата за Федерер е, верувале или не, 21, колку што изнесува и онаа дека трофејот ќе го подигнат Мареј, Нишикори или Вавринка.

Отвореното светско првенство во тенис во Париз започнува од 19 мај и ќе трае до 7 јуни, а титулите од минатата година ќе ги бранат Рафаел Надал и Марија Шарапова.