full screen background image
Последни Вести

Златни медали за Никерк, Шпотакова, Кипруто и Босе на СП во атлетика во Лондон (видео+фото)

На светското првенство во атлетика што се одржува во Лондон познати се уште неколку шампиони и освојувачи на златните медали.

На патеката од 400 метри славеше светскиот рекордер Вејд Ван Никерк од Јужна Африка кој ја одбрани титулата. Тој имаше време од 43.98 секунди и најави дека ќе се обиде да освои златен медал и во трката на 200 метри. Второто место му припадна на Стивен Грејднер од Бахамите, а трет беше Абдалелах Харун од Катар.

На 800 метри кај мажите Французинот Пјер-Амбосе Босе беше најбрз и го освои златниот медал. Втор целта ја мина Полјакот Адам Кчот, а трет Кипјегон Бет од Кенија.

Кениец освои и златен медал на трката 3.000 метри стиплчез. Кипруто до првото место стигна пред Суфијане Ел Бакали од Мароко кој го освои сребрениот медал, а бронзата му припадна на Американецот Ејван Џегер.

Барбара Шпотакова од Чешка освои златен медал откако копјето го фрли со далечина од 66.76 сантиметри за прво место, пред двете претставнички од Кина. Ли Лингвеи и Лиу Хуихуи.

Во скок со стап победи Американецот Сем Кендрикс, кој прескокна 5.95 сантиметри. Второто место поради подобрата серија го освои Пјотр Лисек од Полска, а трет беше Рено Лавилени од Франција. Двајцата имаа скокови од 5.89 метри.