Видео: Норвешка се врати на тронот во женскиот светски ракомет. Победа над Холандија со 31-23!

Loading

Норвешка ја совладаа Холандија со 31:23 и ја освои светската титула на шампионатот кој денеска заврши во Данска.

norway

Норвешка на тој начин го освои третиот златен медал на светските првенства во својата историја во 1999, 2011 и 2015 и успеа одново да ги обедини европската, светската и олимписката тутула со што стана апсолутен ракеметен владетел во женскиот ракомет.

Холандија, која до финалето дојде со максимален ефект и прикажа најмногу на Мундијалот, но во финалниот меч немаше никакви шанси против расположените Норвежанки кои го решија натпреварот уште во првото полувреме кое го добија со 20-9.

Холандија се обиде да се врати во мечот во второто полувреме, успеа во еден момент да стигне до негатива од 6 голови, но потоа повторно на сцена стапи голманката Гримзбо која на Норвешка и овозможи мирна завршница.

Гримзбо со 23 одбрани беше најдобра на теренот, а стрелците кај Норвешка ги предводеа Херем со 7 и Локе со 6 голови. Кај Холандија нејафикасна беше Полман со 8 гола, а Снелдер постигна 5.

norway1

Третото место на ракометниот Мундијал го освои Романија која за бронзениот медал ја порази Полска со 31:22, а од 5-тото до 8-то место се најдоа репрезентациите на Русија, Данска, Франција и Црна Гора.

МВП наградата ја доби Кристина Неагу од Романија која беше и најдобар стрелец на ракометниот Мундијал за жени со 63 гола.

Погледнете ги најинтересните моменти од финалето Холандија-Норвешка…

Следното 23 светско првенство за жени ќе се игра за две години, а домаќин ќе биде Германија.