Видео: Јубилејна 10-та шампионската титула за фудбалерите на Вардар

Loading

Фудбалерите на Вардар и официјлано се старо-нови шампиони на Македонија.

fc vardar11

Со победата над Шкупи во Пробиштип, црвено-црните ја освоија јубилејната десетта титула во историјата.

Двата погодоци Вардарци ги дадоа во второто полувреме, а  стрелци на истите беа стоперот Грнчаров и Ерменецот Хамбарџумјан кој на ефектен начин ја затресе мрежата на чаирчани.

Во другите средби Шкендија го совлада Силекс со 3-0, додека без голови заврши натпреварот помеѓу Брегалница и Работнички.

fc vardar1

Вардар има 77 бода, пред Шкендија со 72, Силекс со 43, колку што има и Работнички, Шкупи 38 и Брегалница 34 бода.

Инсерти од мечот…