ВИДЕО: Брилијантниот британец Боном во Аскот стигна до третата победа сезонава‏

Loading

Британецот Пол Боном беше крунисан како победник на трката од светското првенство Red Bull Air Race одржана на локацијата на познатата патека за коњички натпревари во британскиот град Аскот, при што демонстрираше брилијантна изведба иако беше под притисок од ривалите во најбрзото моторспорт натпреварување на светот.

bonom1

bonom6

Победата на Боном е трета за него оваа сезона, а втора една по друга во Аскот, на задоволство на публиката која броеше преку 40 илјади луѓе.

Последниот лет на Боном беше безгрешен и тој го запре часовникот на 1:06.416 додека Австралиецот Мат Хол го освои второто место со задоцнување од нецели три секунди (1:09.024).

Јапонецот Јошихиде Муроја го освои првиот пласман на подиумот во кариерата, финиширајќи со трет резултат во финалната серија на четирите најдобри пилоти.

Со оваа победа Боном успеа да стигне до нови, тешко заработени 12 поени, со кои го зголеми водството во генералниот пласман и сега има 46 поени, односно осум повеќе од Мат Хол со 38 бода.

На три трки до крајот на сезоната, актуелниот шампион Најџел Лемб, кој лани беше втор во Аскот, сега нема речиси никакви шанси да го одбрани тронот бидејќи на трката беше петти, а воедно ја има истата позиција во генералниот пласман со само 17 бода.

bonom4

Боном на патеката разви брзина од 370 километри на час по стоечкиот старт пред огромната трибина, по што следуваше слаломот низ 12 воздушни порти сочинети од 25-метарските надувани столбови поставени во внатрешноста на патеката. – Можам само да кажам дека сето ова беше тимска работа, тимска работа и тимска работа. Јас бев само возач и го насочував авионот во вистинската насока изјави Боном.

Ова е втор случај трката од Red Bull Air Race да се одржува во Аскот, западно од Лондон, но за овој период локацијата стана атрактивна за многу други натпревари во светот на трките, меѓу кои предничат пилотите што уживаат да полетаат и слетаат на зелениот појас пред огромната публика.

Австриецот Ханс Арх имаше проблеми на тренинзите и квалификациите, каде што беше последен, по што успеа да стигне само до осмото место откако победи на претходната трка во Будимпешта. Во првата рунда на 12 пилоти Арх го победи Боном, а Британецот влезе во полуфиналето на најдобрите осум пилоти како „најбрз губитник“. Но, тогаш Арх не успеа да го стартува моторот на својот авион и мораше да се повлече.

bonom3

Red Bull Air race е признаено како официјално светско првенство од интернационалната федерација за аеронаутика ФАИ, каде што пилотите искусуваат до 10 пати поголеми гравитациски сили додека навигираат на ниската слалом патека со брзини од 370 километри на час, на височина од само 25 метри. Следната трка од ова првенство ќе се одржи по пауза од три седмици на Ф1 автодромот во Австрија, лоциран во Шпилберг.

Резултати: 1. Пол Боном (Велика Британија), 2. Мат Хол (Австралија), 3. Јошихиде Муроја (Јапонија), 4. Николас Иваноф (Франција), 5. Најџел Лемб (Велика Британија), 6. Петер Бешењи (Унгарија), 7. Мартин Сонка (Чешка), 8. Ханс Арх (Австрија), 9. Мајкл Гулијан (САД), 10. Матијас Долдерер (Германија), 11. Хуан Веларде (Шпанија), 12. Кирби Чемблис (САД), 13. Пит Меклиод (Канада), 14. Франсоа Ле Вот (Франција).

Табела: 1. Боном 46 поени, 2. Хол 38 поени, 3. Арх 30 поени, 4. Сонка 18 поени, 5. Лемб 17 поени, 6. Меклиод 14 поени, 7. Долдерер 12 поени, 8. Муроја 11 поени, 9. Иваноф 11 поени, 10. Гулијан 8 поени.

Nigel Lamb and Paul Bohomme of Great Britain give Peter Besenyei of Hungary an aerial view of their home country ahead of the weekend's Red Bull Air Race World Championship stop in Ascot over the Uffington White Hores in the Oxfordshire countryside near Oxford in the United Kingdom on August 11, 2015.