Вардар ја доби Шкендија со 1-0 и е на чекор од нова титула во ПМФЛ

Loading

Се одиграа првите натпревари во плејофот и плејаутот во првата фудбалска лига на Македонија.

prva-mak-liga1

Во дербито на Аренета Филип 2, фудбалерите на Вардар против Шкендија со 1:0 и на три кола до крајот на првенството стекнаа предност од пет бода во борбата за шампионската титула.

Мечот го реши Асани во деветтата минута од натпреварот. Шкендија во останатиот дел од натпреварот се обиде, но не успеа да стигне до израмнување.

Во другите средби од плејофот Брегалница-Шкупи 2:0, Рабитнички-Силекс 2:0.

На табелата Вардар е прв со 71, Шкендија има 66, Силекс 43, Работнички 39, Шкупи 38, и Брегалница 33 бода.

Во плејаутот: Хоризонт Турново-Ренова 0:0, Младост ЦД-Металург 2:0.