full screen background image
Последни Вести

Цедевита го изненади европскиот шампион

sofoklis-schortsanitis-maccabi-electra-eb14

Сензационална победа на Цедевита над европскиот шампион Макаби, меч во кој екипата на Јасмин Репша го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и со цврста одбрана во клучните моменти успеа да си отиде со сите поени од Нокиа Арената.

Макаби во првата четвртина има заостаток од 10 поени односно 8-18, во втората четвртина успева да дојде и до изедначување 26-26 на што следи серија од 8-0 на Цедевита со што му бега на Макаби 34-26,а потоа и до 10 поени разлика 37-27. Макаби е при крај на полувремето доаѓа до 37-36 на што избраниците на Репша одговараат со добра игра и го заатвораат полувремето со 4 поени предност односно 44-40. Во третата четвртина Макаби на двапати израмнува 47-47 па потоа и 49-49, но тоа е се од европскиот шампион, а Цедевита со добра игра ја завршува четвртината со 68-57. До крајот на натпреварот Цедевита храбро го држи резултатот и го свадува натпреварот на конечни 83-73.

Ова е и прва победа на Цедевита во Евро Лига проследена со три порази, а Макаби има скор од две победи  и две нерешени.