Тргна машината на Кливленд, уништен шампионот Г.Стејт со +30 разлика!

Loading

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс конечно  во третиот натпревар стигнаа до првата победа во финалето на НБА лигата.

cavs-warr

Во првиот натпревар пред своите навивачи Кавси го уништија шампионот Голден Стејт со убедливи 30 разлика 120-90 за намалување на 2-1 во победи.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг го предводеа Кливленд до победата кој Кавалирси ја обезбедија со брилијантна игра во првата и третата четвртина.

Кливленд во третиот период постигнаа дури 38 поени. Кралот Џејмс постигна 32 поени, 11 скокови и 6 асистенции.

Ирвинг, кој целосно пофрли на првите две средби, на овој меч постигна 30 поени и 8 асистенции. Џеј Ар Смит даде 20 поени од кои 5 тројки, а Тристан Томпсон 14 поени и 13 скокови.

Во редовите на Голден Стејт најефикасен беше Стеф Кари со 19 поени, но МВП-то на сезоната погоди само 6 од 13 обиди, а во првото полувреме постигна само 2 поени. Клеј Томпсон даде само 10 поени со мизерен шут за три поени 1 од 7.

кливленд

Кливленд со оваа победа ја прекина серијата на Голден Стејт од 7 победи по ред во меѓусебните дуели.

И следниот 4-ти натпревар од НБА финалето се игра на теренот на Кливленд, а истиот е закажан за утревечер во 03 часот по полноќ.

Инсерти од мечот…