full screen background image
Последни Вести

Тенискиот грен слем Вимблдон го зголеми наградниот фонд за 8%

Наградниот фонд на тенискиот Грен слем во Вимблдон оваа година е зголемен за 8% па така организаторите на наофицијалното светско првенство во тенис, одлучија истиот да изнесува 26,75 милиони фунти.

Wimbledon1

Шампионите во двојки кај мажите и кај жените ќе добијат 340.000 фунти, додека во мешани двојки титулата носи 100.000 фунти.

Победниците во машкиот и женскиот сингл ќе заработат по 1,88 милиони фунти, а минатата сезона Новак Џоковиќ и Петра Квитова заработија по 1,76 милиони фунти.

Грен слемот во Вимблдон оваа сезона ќе се игра од 29 јуни 12 јули.