Со кој состав Шпанија ќе игра против Македонија утре на Арената Филип втори? (фото)

Loading

Утре со почеток од 20 часот и 45 минути, Македонија на Арената Филип втори ја пречекува црвената фурија, фудбалска репрезентација на Шпанија.

македонија

 

Натпреварот е дел од квалификациите за пласман на Светското фудбалско првенство што догодина ќе се одржи во Русија.

Македонија како и на претходните средби е аутсајдер во овој дуел, со оглед на составот кој синоќа допатува во Скопје.

Шпанците денеска го одржаа и првиот тренинг на Филип Втори, а во Скопје дојдоа да ги освојат планираните три бода.

Од позвучните имиња во Скопје дојдоа, Де Хеа, Пике, Рамос, Иниеста, Силва, Коста, Мората, Монреал, Алкантара и други.

spain

Македонија сепак нема да се предаде толку лесно на овој меч со Шпанија.

Се надеваме ќе прикажеме добра игра како против Италија и за првпат ќе освоиме бодови против силната Шпанија.