Симоновски прв поентер во француската лига

Loading

simovski-615x400

Македонскиот одбојкарски репрезентативец кој настапува во францускиот Ајачио, Јовица Симовски, на стартот од новата сезона се наоѓа во одлична форма. Коректорот по почетните четири кола од француската Про-А лига се наѓа на првото место според бројот на реализирани поени.

Симовски по четири одиграни кола во кои неговиот тим не знае за пораз има реализирано 87 поени, односно во просек по 21,75 поени по натпревар, што го прави водечки на листата меѓу поентерите. Благодарение пред се на одличните игри на нашиот репрезенативец, екипата на Ајачио моментално со 12 поени е и лидер на табелата.

Во последниот свој настап Ајачио оствари уште една лесна победа од 3-0 во сетови, овој пат над Сент Назер, меч во кој повторно Симовски со 22 поени беше најефикасен во својот тим.

На победи ова коло во француската Про-А лига се радуваа и Александар Милков со Монпелје и Ѓоко Јосифов со Каен, додека прв пат сезонава горчината на поразот го почуствува тимот на Париз, иако Ѓорѓиев одново имаше одличен меч во кој реализираше 23 поени.