Шокантна снимка – Меси извади нешто од чорапот и го стави во уста на мечот со Олимпијакос! (видео)

Loading

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, долго ќе се сеќава на победата против Олимпијакос од 3:1.

Меси го постигна својот 100-ти гол во европските натпреварувања. Но, јавноста исто така посвети големо внимание на мистериозниот потег на Аргентинецот во 10-тата минута.

Најдобриот фудбалер на Барселона застана во првиот дел од натпреварот, се наведна, извади нешто од чорапот и веднаш го проголта.

Како ќе изгледа составот на Барселона за сезоната 2017/18?

Камерите го снимаа, и веднаш почнаа контроверзите околу тоа што проголта Меси. Се сомневаше дека тоа е стимуланс.

Сепак, мистеријата брзо се реши. Аргентинецот проголта глукоза во таблета за да ги поднесе организмот големите напори.

По натпреварот, шпанските медиуми објавија дека Меси, често ги користи овие таблети, обично во првите 10 минути од натпреварот.

Тоа го прави бидејќи само тогаш организамот најдобро ја апсорбира гликозата.

Погледнете го тој момент….