Шкендија за првпат го подигна пехарот во Купот на Македонија!

Loading

Фудбалерите на Шкендија за првпат во својата историја го освоија трофејот наменет за победникот на Купот на Македонија, а во финалето го победија Работнички со 2:0.

skendija3

Шкендија успеа во своето трето финале да ја освои првата титула, додека Работнички остана на четири трофеи во купот.

Финалниот меч кој се одигра на „Филип Втори“, и понуди содржаен натпревар со два гола и неколку нереализирани шанси на двете страни, а на трибините неколку инциденти кои ги предзвикаа навивачите на тетовскиот клуб.

Најпрвин пред почетокто на мечот тие ја исвиркаа македонската химна, а во второто полувреме со пиротехника предизвикаа мал прекин на натпреварот.

Шкендија веќе во седмата минута поведе со 1-0. По ударот на Ибраими, на одбиената топка натрча Радески и погоди за водсвто на тетовци.

skendija2

Во првото полувреме Работнички се закани преку Алтипармаковски и Галиќ, а Шкендија имаше можност да ја зголеми предноста преку Радески и Цуцули, односно Жуниор.

На стартот од второто полувреме, први се заканија фудбалерите на Шкендија и тоа преку Жуниор.

На 20 минути до крајот нова закана кон голот на Работнички стигна од Радески. Финишот му припадна на Работнички кој тргна со сите сили по израмнување, една шанса не реализира Алтипармаковски, потоа Најденов се обиде од далечина, а најблиску до постигнување на гол беше Маркоски кој во последната минута со глава ја погоди гредата.

skendija1

Кога Работнички со сите сили трга кон голот на Шкендија, во 95.минута екипата од Тетово одработи еден контранапад и со гол го заврши Жуниор за конечни 2-0 и прва титула за Шкендија во Купот.