Шампионот Маркез успешно опериран, но дали ќе биде спремен за Херез?

Loading

Aктуелниот светски шампион во Мото ГП, возачот на Репсол Хонда Марк Маркез подлегна на операција на малиот прст поради фрактура со која се здоби за време на тренингот со својот крос.

marquez

Веднаш по повредата Маркез бил префрлен во болницата во Барселона каде реномираниот Др. Хавиер Мир извршил успешна операција.

Иако од Хонда во првичното соопштение „не ја исклучија можноста Маркез да настапи во Херез“, последните информации говорат дека Шпанецот ќе биде подготвен за битка на домашната трка.

Првичните 24 часа по операцијата во која е вметната титаниумска плочка која ја спојува коската од раката со малиот прст се веќе изминати и се поминало според очекуваното.

За ваква повреда типичното време за заздравување кај „обичните“ пациенти е 4-6 недели, кај тркачите тој период се сведува на 2-3 недели, но сепак Маркез нема ни цела недела до возбудувањата во Херез но добро е тоа што повредата е на неговата лева рака и малиот прст па веројатно нема да има поголеми проблеми во контролата на својата Хонда.

marquez2

Викендов се четвртата возудлива рунда од годинешниот МотоГП шампионат во која се надеваме на повторна борба помеѓу Роси и Маркез, но и рунда во која е време да се врати Хорхе Лоренцо во игра.

Да не ги заборавите и возачите на Дукати кои можат да се вклучат во борбата за првата позиција.