full screen background image
Последни Вести

Шампионот Лоренцо од следната сезона ќе биде нов возач на Дукати

Актуелниот шампион во кралската класа, во Мото ГП шампионатот, Хорхе Лоренцо, ќе ја напушти Јамаха и ќе се пресели во Дукати каде потпишал двегодишен договор.

lorenzo duk

Лоренцо, со Јамаха, освои три титули светски шампион во 2011, 2012 и 2015 година, а покрај трите титули во кралската класа Шпанецот има и две титули во класата до 250 кубни сантиметри.

Лоренцо има остварено 41 победа, на 141 трка, а вкупно 99 пати се искачувал на победничкиот пиедестал како член на Јамаха.

Тој претходно одби да потпише нов договор со јапонскиот тим, за разлика од клупскиот колега Валентино Роси кој потпиша нов договор.

lorenzo duk1

Се очекува Јамаха да соопшти кој ќе му биде партнер на Роси наредната сезона, се шпекулира дека тоа ќе биде возачот на Сузуки Маверик Вињалес, кој е под договор со овој тим, но Јамаха без проблем може да го плати обештетувањето.