Руни со прости од Јунајтед, а потоа ја откри тајната која ги шокираше навивачите на Манчестер (видео+фото)

Loading

Новиот фудбалер на Евертон, Вејн Руни им се заблагодари на фановите и лидерите на Јунајтед за сето она што го направија за него во текот на изминатите 13 години.

rooney1

“Им благодарам на сите членови на УО на Јунајтед, тренерите, персоналот, соиграчите и навивачите за неверојатната шанса што ја имав да играм.

,,Ви благодарим за прекрасните спомени”, изјави Руни. Лидерите на Јунајтед, му одговорија на Руни…

“Руни заминува од Јунајтед за да се врати во Евертон. Ти благодариме Вејн за се”…

runi2

Руни потпиша двегодишен договор со Евертон, а потоа откри нешто што ги шокираше навивачите на “црвените ѓаволи”.

“Јас молчев последните 13 години, и сега конечно слободно можам да кажам. Кога играв за Јунајтед, децата и јас по дома носевме пижами од Евертон. За таа работа морав да молчам, а сега тоа криење е готово.

”Прекрасно е чувството уште еднаш да се носи дресот на Евертон, исто како пред 13 години. Не можам да дочекам да истрчам на теренот.

”Сега е вистинско време да го носам дресот во јавност, на фудбалскиот терен “, откри Руни и ги шокираше навивачите на Јунајтед.

runi2-1

Руни за Јунајтед играше 13 сезони, одигра 559 натпревари и постигна 253 гола.

Со Јунајтед освои 5 титули во Премиер Лигата, ЛШ, ЛЕ, ФА Купот, ФИФА клубското светско првенство, три Лига купа и четири Комјунити Шилд трофеи.