РФМ објави конкурс за избор на нов селектор на ракометната репрезентација

Loading

Откако на последниот состанок на Управниот Одбор беше прифатена оставката на Ивица Обрван, Ракометната Федерација на Македонија денеска и официјално распиша конкурс за нов селектор.

konkurs

 

Врз основа на одлуката на Управниот Одбор на РФМ донесена на 23.04.2016 година и врз основа на Член 27, 28 и 29 од Законот за спорт, Ракометната Федерација на Македонија распишува Конкурс за избор на селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

lino1

Конкурсот на РФМ ќе трае до 10 мај, а неофицијално се дознава дека Лино Червар е прв кандидат за селекторското столче.