Ракометарките ќе играат со Ц.Гора, Хрватска и Словенија за пласман на ЕП во Шведска

Loading

Македонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во Шведска кое ќе се игра идната година.

zenska reprezentacija

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра со репрезентациите на Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Пласман на првенството во Шведска ќе обезбедат двете најдобри репрезентации во групата, како и една – најдобра третопласирана репрезентација од сите групи.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три фази – првото и второто коло ќе бидат одиграни во октомври оваа година, а квалификациите ќе бидат комплетирани во март и јуни 2016-та година.