ПСЖ го договори Пол Погба од Јувентус за 12 милиони евра годишно

Loading

Францускиот интернационалец и член на Јувентус Пол Погба се договорил со раководството на ПСЖ за негов трансфер ова лето.

paul-pogba

ПСЖ и Погба веќе постигнале усмен договор и во случај на негов трансфер на „Паркот на принцовите“, Погба ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Остана на богатите шеици кои се сопственици на ПСЖ да се договорат со челниците на Јувентус за висината на обесштетувањето кое ќе им го исплатат на Италијанците.

Ваквите нформации ги отфрли агентот на Пол Погба, Мино Раиола, но останува да се види сега како ќе реагираат останатите заинтересирани клубови, посебно Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Висината на трансферот ќе биде помеѓу 80 и 100 милиони евра, а не е исклучена можноста во трансфер зделката да биде вклучен и Едисон Кавани.