full screen background image
Последни Вести

Првенецот на Горан Пандев за оваа сезона и донесе важна победа на Џенова (видео+фото)

Во последниот натпревар од 15.коло во калчото, Џенова славеше со 1-0 нагости кај Верона.

Голот за победа на Џенова го постигна кој друг ако не капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев.

Тој им донесе значајна победа на Џенова во борбата за опстанок во Серија А. За Македонецот ова беше прв гол оваа сезона во Италијанското фудбалско првенство.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВРАЌАЊЕТО НА ГОРАН ПАНДЕВ ВО ДРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА!

Пандев реализира во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме, а беше заменет во 64. минута.

Џенова со новите три бода по 15. рунди во Серија А има 13 бодови и е на 15. место. Верона остана на претпоследното 19 место со само 9 бода.

Инсерти од мечот….