Прва победа на Луис Хамилтон во новата Ф1 сезона, славеше на дождот во Монако!

Loading

Британецот и актуелен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон победи на дождливата патека во Монако и стигна до првата победа во сезоната.

хамилтон

Хамилтон со оваа победа ја намали предноста на клупскиот колега Розберг во генералниот пласман на 26 бода. Хамилтон, со одлично возење, добра тактика и неочекуваната „помош“ која ја доби од тимот на Ред Бул победи низ улиците на Монте Карло.

Британецот трката ја започна од третата позиција, во 16-от круг го мина Розберг, а потоа ја започна потерата по лидерот Рикардо.

Клучниот момент се случи во 32-от круг, кога Ред Бул го повика Рикардо во боксот, без претходно да бидат подготвени пневматиците.

хамилтон3 хамилтон2 хамилтон1

Австралиецот загуби драгоцени секунди, Хамилтон изби на врвот каде остана до крајот на трката.

Третото место го освои Серхио Перез, што е најдобар пласман за Форс Индија оваа сезона.

Бодови во Монако освоија уште Фетел (Ферари), Алонсо (Мекларен), Розберг (Мерцедес), Хилкенберг (Форс Индија), Саинс (Торо Росо), Батон (Мекларен) и Маса (Вилијамс).

Инсерти од трката во кнежеството…