Пораз во Јане Сандански за МЗТ

Loading

MZT-Cedevita (1)

На гости на МЗТ во Јане Сандански му гостуваше евролигашот Цедевита кој иако пред две вечери играа со ЦСКА во рамките на евро лигата успеа да дојде до победа врз македонскиот шампион. Цедевита изгледаше добро во првото, уште подобро во второто полувреме. Загрепчани ги искористија своите предности и со убедливи 76-61 ги земаа сите бодови вттора година по ред.

Врбица Стефанов, новиот тренер на „сино-белите“, доби две нови засилувања. Или подобро кажано замени, кои треба да ја кренат играта. Но, со малку тренинзи и заедништво со другиот дел од тимот, ниту Диксон, уште помалку повратникот Шеховиќ, не можеа, не донесоа некоја посакувана промена.А барем на почетокот, на пример, влегувањето на Николовски донесе вистинско „освежување“ во играта на МЗТ Скопје. Па од онаа негатива (8:12) во 7. минута, „металците“ направија вистински пресврт. Поточно серија од 11-2, со која ја затворија четвртината со сосема солиден плус 5 (19:14). Но, како дојдоа до него така и го загубија. Следеше истомерна серија на гостите од Загреб.  И појака, од 11-0, за нивно водство од 25:19. Минутите без поентирање речиси четири, ги прекина Маринковиќ, со две по ред реализации. Но, откако го вратија водството, момците од Цедевита успешно го одбранија до полувремето, (34:33).
Ќе беше и повисоко доколку имаа повеќе од оние 50% од линијата за слободни фрлања (7/14). Пред сè затоа што МЗТ Скопје имаше 0/9 од онаа која вреди три поени, како и четири скока повеќе во однос на противникот (19 спрема 15). Надежите се зголемија кога МЗТ Скопје конечно „врза“ две тројки во серија. Една на Симоновски, втората од Зивчевиќ, доволни домаќинот да се одвои на позитива од шест пони (41:35).

АБА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО
Левски – Крка 68:70
У. Олимпија – Металац 69:70
Цибона – Солнок 96:92
МЗТ Скопје –  Цедевита 61:76
Игокеа – Партизан 83:77
Ц. Звезда – Будуќност синоќа
ДЕНЕСКА:
20.30: Мега Визура – Задар

ТАБЕЛА
1. Крка 6 5 1 445:381 11
2. Ц. Звезда 5 5 0 418:324 10
3. Будуќност 5 5 0 424:346 10
4. Цедевита 6 4 2 432:398 10
5. У. Олимпија 6 3 3 449:433 9
6. Солнок 6 3 3 416:408 9
7. Мега Визура 5 3 2 432:426 8
8. Игокеа 6 2 4 396:399 8
9. МЗТ Скопје 6 2 4 423:476 8
10. Партизан 6 2 4 393:440 8
11. Цибона 6 2 4 470:520 8
12. Задар 5 2 3 351:364 7
13. Левски 6 1 5 438:503 7
14. Металац 6 1 5 384:453 7