Швајцарската тенисерка Мартина Хингис повторно ќе ги брани боите на својата репрезентација во ФЕДЕРЕЈШН Купот по пауза од 17 години, откако беше повикана од капитенот, Хајнц Гинтхард.
Таа беше дел од швајцарскиот тим во мечот од плеј-офот за Светската група и тоа на гости во Зјелона Гора против Полска на 18 и 19 април, каде нејзината репрезентација успеа да победи со 3-2 и да избори пласман во полуфиналето од плејофот.
Мартина Хингис ги загуби двата меча во сингл против сестрите Радванска, а во двојки не настапи.
Последниот натпревар во ФЕД Купот, поранешниот рекет број 1 го одигра во 1998 година, кога Швајцарија во финалето загуби од Шпанија.