ПМФЛ: Во градското дерби Работнички и Вардар одиграа реми 1-1 во рамките на 17.коло

Loading

Работнички и Вардар ги поделија бодовите откако одиграа нерешено 1:1, во дербито со кое започна 17 коло во Првата македонска фудбалска лига.

rabotnichki-vardar

Оваа 52 меѓусебна пресметка, поради лошата состојба на теренот на „Филип Втори“ арената, скопските ривали ја одиграа во Велес каде „црвено црните“ го отворија резултатот со погодокот на Петар Петковски рано уште во деветата минута.

Сепак Работнички израмни во 79 минута со голот на Стефан Вујчиќ од пенал за конечни 1-1.

Утре на програмата се останатите дуели од 17.коло во кое се среќаваат:

Шкупи – Младост Царев Двор
Силекс – Шкендија
Ренова – Металург
Хоризонт Турново –Брегалница