full screen background image
Последни Вести

(Видео+Фото) Пеналите кобни за Атлетико, Реал Мадрид ја освои 11-тата титула во Лигата на шампионите!

Фудбалерите на Реал Мадрид по 11-ти пат ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако во финалниот меч по подобро изведување на пенали го победи градскиот ривал Атлетико со 5-3.

реал-атлетико

Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши со резултат 1-1. Кристијано Роналдо го изведе последниот пенал и на Реал му ја донесе европската круна, со која „кралскиот клуб“ ја спаси неуспешната сезона.

Трагичари на мечот се Антоан Гризман, кој не реалзираше пенал во 47-та минута при резултат 1-0 за Реал, францускиот репрезентативец ја погоди гредата и Хуанфран, кој во четвртата серија го погоди десниот дирек од голот на Кејлор Навас во пенал серијата.

Атлетико повеќе играше со топката, а Реал најчесто преку брз акции се обидуваше да стигне до голот на Облак.

реал-атлетико1

Првиот гол го постигна Серхио Рамос во 15-та минута. Крос изведе слободен удар, на работ од шеснаесетникот Бејл со глава ја префрли топката пред голот на Облак, а Рамос од сомнителна позиција ја смести во мрежата.

Шанса за израмнување Атлетико имаше на самиот старт од вториот дел, Пепе го собори Торес некаде на пеналтикот, Клатенбург покажа на пенал, а Гризман ја погоди гредата. Голема шанса да го реши победникот имаше Бензема во 70-та минута, излезе сам пред Облак, но Словенецот одбрани.

Во 78-та минута Реал имаше две добри шанси, но најпрвин Облак го одбрани ударот на Роналдо, а потоа Савиќ од гол линијата ја исфрли топката во поле по ударот на Бејл.

реал-атлетико2

Во продолжение на акцијата Габи го исфрли Хуанфран по десната страна, тој нафрли од прва, а во петерецот Караско ја закова во голот.

Во продолженијата единствената вистинска шанса ја имаше Лукас Васкез во 119-та минута. Младиот напаѓач доби топка на десната страна но премногу чекаше и неговиот удар беше изблокиран.

real madrid vs Atletico 2016 реал-атлетико3 реал-атлетико4 реал-атлетико5

Пеналите не донесоа возбудувања во првите три серии, сигурни беа Васкез, Марсело и Бејл за Реал, односно Гризман, Габи и Саул Нигез за Атлетико.

Четвртата серија со гол ја отвори Серхио Рамос, потоа Хуанфран го погоди дирекот, а Роналдо потоа ја завери новата титула 11-та за Реал Мадрид.

реал-атлетико6