Од третиот шешир Македонија ќе ги чека противниците за СП 2017 во Франција!

Loading

Македонската ракометна репрезентација преку баражот избори ново учество на еден ракометен Мундијал што следната година во јануари започнува во Франција.

ракометна македонија

 

Интернационалната ракометна федерација ги објави квалитативните садови пред жрепката за Мундијалот во Франција.

Македонската ракометна репрезентација во жрепката за првиот дел од Светскиот шампионат се наоѓа во третата квалитативна група заедно со Шведска, Русија и Белорусија.

Жрепката ќе се одржи на 23 јуни во Париз, а Мундијалот во Франција започнува на 11 јануари и ќе трае до 29 јануари.

мундијал 2017

Ова се останатите шешири за ждрепката…

САД 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија
САД 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска
САД 3: Шведска, Русија, Белорусија, МАКЕДОНИЈА
САД 4: Унгарија, Исланд, Египет, Пан Америка 1
САД 5: Тунис, Бахреин, Јапонија, Пан Америка 2
САД 6: Ангола, Саудиска Арабија, Пан Америка 3 и вајд карта