Нова МВП титула за Стеф Кари, но сега за првпат во историјата едногласно!

Loading

Стеф Кари од Голден Стејт повторно ја освои МВП наградата како најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Stephen Curry - NBA KIA Most Valuable Player

Кари и минатата година беше МВП, а оваа година влегува во историјата како прв кој едногласно го добил ова престижно признание.

Тој оваа сезона го предводеше Голден Стејт до рекордната низа во првенството од 73 победи и само 9 порази, а сезонава имаше 30,1 поени, 5,4 скокови и 6,7 асистенции по натпревар, со погодени 50,4% на обидите од поле, односно 45,4%  за три поена.

Во регуларниот дел постигна 403 тројки, што е нов рекорд во НБА лигата. Втор во изборот беше крилниот играч на Сан Антонио, кој е најдобар дефанзивец во лигата, Каваи Ленард, трет е Леброн Џејмс од Кливелнд, а на четвртото и петтото место се најде двоецот на Оклахома, Расел Вестбрук и Кевин Дурент.

mvp 2

Стеф Кари им се придружи на Тим Данкан, Боб Пети, Карл Мелоун и Стив Неш коишто, исто така, двапати ја освојувале наградата за најкорисен играч во лигата.

Рекордер е Карим Абдул-Џабар со 6 признанија, по 5 имаат Мајкл Џордан и Бил Расел, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс по 4, а Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон по 3 мвп признанија.