full screen background image
Последни Вести

МЗТ Скопје и Куманово ќе играат во финалето на кошаркарскиот плејоф на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа Фени Индустри на гостувањето во Кавадарци со 64-75 и се пласираа во финалето на плејофот.

mzt skopje

Со 2-0 во победи тие ја завршија полуфиналната пресметка против кавадарчани и заслужено се пласираа во четвртото финале по ред во првата кошаркарска лига на Македонија.

Во тимот на МЗТ Скопје, Александар Чапин беше стрелец на 22 поени, Данило Мијатовиќ постигна 14, додека Стефан Синовец 13. Кај домаќините Брендон Вуд даде 26 поени и беше најдобар играч на натпреварот.

Во финалето МЗТ Скопје Аеродром ќе ги одмери силите со Куманово, кој во второто полуфинале повторно беше подобар од Работнички овојпат со 85-71 и исто така со 2-0 во победи го затворија полуфиналето со скопскиот тим.

plejof makedonija

Финалната серија помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Куманово започнува во петок на 29 мај во СЦ Јане Сандански, а шампион ќе биде тимот кој прв ќе стигне до три победи.