Москва, Белград и Атина со кандидатура за фајнл-фор турнирот во Евролигата за 2018!

Loading

Москва, Белград и Атина и официјално поднесоа кандидатура за организацијата на „Фајнл-фор“ во кошаркарската Евролига за 2018 година.

евролига

Првиот човек на Евролигата, Бертомеу соопшти дека наскоро ќе биде одлучено каде ќе се игра завршниот турнир по 2 години.

,,Имаме многу добри разговори со Белград, Москва, Атина и некои други градови.

,,Тоа е потребно за да се усогласат термините и да се разгледаат условите што ги нудат градовите кандидати за домаќини.

,,За среќа, Ф4 е настан кој го посакуваат многу градови и се надевам дека наскоро ќе објавиме каде ќе со одржи турнирот, истакна Бертомеу.

пехар

Финалниот турнир на Евролигата во 2017 година ќе се одржи во Истанбул.