ЛШ: Денеска и утре се игра последното 6.коло. Дерби средбите во Лондон и Минхен (фото)

Loading

Денеска и утре се игра последното 6.коло фазата по групи во ЛШ. Четири екипи имаат обезбедено пласман во осминафиналето.

ПСЖ и Баерн од А групата, Челзи во Б и Барселона од Д групата. Најблиску до пласман од останатите е Манчестер Јунајтед кој има три бода повеќе од второ пласираниот Базел во А групата.

Денеска на програмата се 8 средби од групите А, Б, Ц и Д. Не очекуваат две дерби пресметки.

Првата е дуелот помеѓу Баерн и ПСЖ на Алијанц арената. За потсетување првиот дуел во Париз заврши со висока победа на ПСЖ од 3-0. Во оваа група уште се среќаваат Селтик и Андерлехт.

Вториот дерби дуел е во Лондон, каде Челзи го пречекува Атлетико Мадрид кој мора да оди на победа доколку сака напролет да игра во ЛШ.

Рома во оваа група игра со Карабаг и со победа ќе го осигура местото во осминафиналето.

На другите средби Јунајтед игра со ЦСКА Москва, Бенфика е домаќин на Базел. И во групата Д, Олимпијакос-Јувентус и Барселона-Спортинг Лисабон.

Групната фаза завршува утре со последните 8 средби од групите Е, Ф, Г и Х.