Кристијано Роналдо во друштво на Мишел Платини!

Loading

Кристијано Роналдо со голот против Велс во полуфиналето на ЕП, го израмни рекордот на францускиот легендарен фудбалер, Мишел Платини.

роналдо гол

Роналдо и „друштвото“ славеа против Велс со 2:0 на вчерашниот прв полуфинален натпревар на Европското првенство и го обезбеди „билетот“ за финалниот дуел кој Португалија ќе го игра со подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Франција и Германија.

Ѕвездата на Реал Мадрид синоќа во Лион го постигна првиот гол, а тоа беше вкупно девети гол за него на Европските првенства.

Со тоа, Кристијано Роналдо го израмни рекордот на француската легенда Мишел Платини кој досега беше неприкосновен – прв на табелата со најдобри стрелци на Европските првенства.

ronaldo-goal2

Кристијано Роналдо од своите девет голови на Европските првенства, три ги постигна на ова ЕП и има шанса да осамне на врвот на листата со најдобри стрелци доколку успее да постигне гол во големото финале.