Кој е лидер кај тимовите, а не е Реал? Ова е најскапиот фудбалски тим во светот!

Loading

Според испитувањата на швајцарскиот фудбалски опсерваториум, овогодинешниот состав на Манчестер Јунајтед се наоѓа на врвот во петте најсилни фудбалски лиги.

комјунити шилд

Тимот од Олд Трафорд односно играчкиот состав чини вкупно 718 милиони евра.

На втората позиција е актуелниот европски шампион Реал Мадрид со 634 милиони евра.

Трети е вториот клуб од Манчестер, градскиот ривал Сити со 611 милиони евра.

Во ТОП 10 листата следуваат Барселона со 485 милиони евра, Челзи 481, ПСЖ 455, Јувентус 395, Арсенал 381, Баерн 357 и Ливерпул 356.

Клучно за првата позиција на „црвените ѓаволи“ е трансферот на Пол Погба од Јувентус за рекордни 110 милиони евра.