full screen background image
Последни Вести

Кливленд без Леброн на стартот на новата 2017/18 НБА сезона – Ова се причините (фото)

НБА ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс ќе биде неизвесен за стартот на новата сезона во лигата.

Леброн ја заврши претсезоната поради проблеми со глуждот на левата нога. Клубот соопшти дека тој не беше во тимот на натпреварот со Орландо.

Мечот со магичните за вицешампионите беше генерална проба пред почетокот на новата сезона.

И без Леброн, Кливленд славеше со 113-106, а Џејмс ќе биде неизвесен и за првиот дуел во новата сезона против Бостон на 17 октомври.

Џејмс одигра само еден од досегашните четири натпревари на Кливленд во претсезоната.

Погледнете ги ТОП 10 потезите на Леброн за сезоната 2015/16

Во поразот од Чикаго од 108:94 пред два дена тој имаше учинок од 17 поени, 5 скока, 3 асистенции и по една блокада и украдена топка.

Новата сезона во НБА лигата стартува вечерва.

Финалната серија од НБА лигата помеѓу Кливленд и Г.Стејт е најгледана во историјата