Истакнати спортски работници од Р.Србија во посета на АМС

Loading

Агенцијата за млади и спорт беше посетена од спортска делегација од соседството со која беше разговарано на повеќе теми од спортот и спортските активности на двете соседни држави.

ams srbi

Делегацијата беше предводена од претседателот на Асоцијацијата на спортските центри на Србија Неѓелко Миловиќ, кој во придружба на директорот на спортскиот медицински центар и претседателот на Општина Лучани разменија свои искуства и идеи со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Главен акцент беше ставен на плановите за меѓудржавна соработка во областа на спортот, пред се на работничките спортски игри, училишните игри како фактор на кој обете држави посветуваат големо внимание, како и користење на спортски центри за одржување на припремни подготовки.

Гостите искрено се ставија на подготвеност за соработка на сите полиња на спортот прецизирајќи ја важноста на менување искуства на професионалните спортски работници, како и потребата за одржување на спортски игри од најмладите категории на меѓународно ниво како предуслов во вистинска селекција на таленти и добивање на масовност кај децата кои се занимаваат со спорт.