full screen background image
Последни Вести

Ибрахимовиќ суспендиран на четири средби од француското првенство

Златан Ибрахимовиќ е суспендиран четири натпревари од француското првенство поради навредите упатени кон Франција по завршувањето на дуелот ПСЖ – Бордо.

ibrahimovic

Ибрахимовиќ беше видно изнервиран по загубениот натпревар на „Шабан Делма“ па искоментира.

„За 15 години кариера не сум видел вакво судење, а во оваа посрана земја, Франција не заслужува клуб како ПСЖ“.

Швеѓанецот скапо ја плати навредата на земјата во која настапува, па сега ќе мора да ги пропушти средбите со Ница, Лил, Мец и Нант.

Ова е голем удар и за ПСЖ, бидејќи го очекува тешка битка за одбрана на титулата за која конкурираат уште и тимовите на Лион и Марсеј.