И Кевин Гарнет по 21 сезона во НБА лигата заминува во пензија!

Loading

Легендата на НБА тимот Минесота Тимбервулфс, Кевин Гарнет реши да стави крај на својата кошаркарска кариера по 21 сезона во лигата.

гарнет

Во последната сезона и половина, 40-годишниот Гарнет се врати во Минесота, каде започна во професионалната кошарка во 1995 година.

Тој играше до 2007 година во Минесота, по што премина во Бостон, а потоа и во Бруклин.

Гарнет е 15 кратен ол стар и заработи над 330 милиони долари од плати во кариерата, што е повеќе од било кој друг играч во лигата.

гарнет1 гарнет3

На вечната листа на стрелци е на 17-тото место со 26.071 поен, деветти е кај скоковите со 14.662 и 17-ти кај блокираните удари со 2.037.

Во 2004 година беше најкорисен играч во НБА лигата МВП, а во 2008 година ја освои единствената шампионска титула во кариерата со тимот на Бостон Селтикс.

гарнет2

Гарнет е и олимписки шампион со САД од Сиднеј во 2000 година.