Халеп против Остапенко во финалето на женскиот дел од гренслемот Ролан Гарос 2017 (видео)

Loading

Тенискиот гренслем Ролан Гарос ја доби финалната двојка на женскиот дел од турнирот.

роланд гарос2

Таму ќе се сретнат Јелена Остапенко и Симона Халеп.

Летонката Остапенко ќе го игра своето прво финале на еден гренслем турнир, а девојката од Рига го оствари најголемиот успех во кариерата.

Таа во полуфиналето ја победи Башчински од Швајцарија со 2-1 во сетови 7:6, 3:6, 6:3.

Тоа за Остапенко значеше најубав подарок за својот 20-ти роденден. Симона Халеп пак во второто полуфинале, исто така во три сета, ја елиминираше Каролина Плишкова од Чешка со 6:4, 3:6, 6:3.

Романката ќе го игра второто финале во Париз и шанса утре да го подигне својот прв гренслем трофеј во кариерата.

Денеска на програмата се машките полуфинални средби каде се среќаваат Мареј-Вавринка и Надал-Тием.

https://www.youtube.com/watch?v=CZpV-naj5r8

https://www.youtube.com/watch?v=bXZotufWwno