Грешки кои ги поништуваат резултатите од вежбањето

Loading

Често ни се случува веднаш по фитнес вежбањето несвесно да правиме некои работи кои ги поништуваат резултатите од нашето напорно работење да ослабеме и да имаме фит тело.

fitness4

Еве некои од најчестите грешки кои ги правиме по секое вежбање:

Забораваме да се истегнеме

По вежбањето мускулите се напнати, а меѓу нив е и срцето, па истегнувањето никако не би смееле да го прескокнеме. Истото ќе ја попушти напнатоста во мускулите и ќе ја зголеми флексибилноста на телото. Истражувањата покажуваат дека истегнувањето после физичка активност ја редуцира болката во мускулите, која би можела да се појави наредниот ден.

Не му давате време на организмот да се олади

Со вежбање нашето тело го тера срцето побрзо да работи и потребна ни е поголема количина на кислород, како за срцето, така и за протокот на крв, бидејќи циркулацијата е зголемена. Затоа не е препорачливо веднаш после вежбање да легнете и да се одморите. Наместо веднаш да се „изгаснете“, смирете го темпото на вежбање, на пример продолжете уште некое време да пешачите на траката, за да ви се смири забрзаното отчукување на срцето. Доколку нагло престанете со вежбање, додека отчукувањето на срцето е најбрзо, а на телото му е потребна најголема количина на кислород и циркулацијата е со најсилна брзина, би можело да ви се сврти во главата.

fitness2

Јадете погрешна храна по вежбање

Многумина веруваат дека после напорниот тренинг можат да си дозволат да изедат било што за да надоместат за изгубените калории. Но, само храната богата со протеини ќе им помогне на вашите мускули да се опорават и да се формираат на правилен начин. Затоа она што го консумирате веднаш после вежбање би требало да содржи протеини во комбинација со јаглехидрати, како на пример јогурт помешан со јаткасти плодови и малку бобинки. Првиот оброк би требало да го темпирате 15 до 30 минути после тренингот и никако да не чекате повеќе од еден час.

Заборавате да го хидратизирате организмот

Многу е важно да надоместите за течности кои сте ги изгубиле за време на вежбањето. Доволната количина на течности ќе ја намали мускулната чувствителност, ќе ја зголеми флексибилноста и ќе ви даде сила.

fitness3

Не спиете доволно

Уште една суштинска работа која често ја занемаруваме откако ќе нè поведе адреналинот од вежбањето е важноста на сонот. На телото потребни му се одмор и енергија за да може да ги изгради мускулите, па доколку не спиете доволно, тоа за телото има ефект како да го казнувате.

Пиете алкохол и газирани пијалаци

После тренингот најдобро е да пиете вода за да му ги овозможите на организмот потребните течности. Алкохолот, пак, предизвикува дехидрација и го забавува растот на мускулите. Но, имајте на ум дека ниту газираните пијалаци не се подобро решение. Кога телото доволно го хидратизирате со вода и го снабдувате со енергија дури потоа можете да се почастите со пијачка по желба.

fitness1