full screen background image
Последни Вести

ГП Канада: Хамилтон утре од пол позицијата ќе атакува на нови бодови и победа во Формула 1 (видео+фото)

Британецот Луис Хамилтон утре ќе стартува од пол позицијата на трката за големата награда на Канада.

хамилтон1

Тоа за Хамилтон беше 65-та пол-позиција во кариерата и на вечната листа се израмни со легендарниот Ф1 возач бразилецот Аиртон Сена.

Пред Хамилтон остана само Михаел Шумахер кој застана на бројката од 68 пол позиции во кариерата.

 

Возачот на ф1 тимот на Мерцедес АМГ ќе стартува пред Себастијан Фетел од Ферари и вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас кој ќе стартува трет.

Четвртти ќе биде Кими Раиконен од Ферари, па следува двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо.

Најдобрите 10 во квалификациите ги комплетираат, Фелипе Маса од Вилијамс, од Форс Индија, Серхио Перез и Себастијан Окон, додека десетти ќе стартува Нико Хулкенберг од Рено.

На табелата по 6 извозени трки води  Себастијан Фетел со 129 бодови, Луис Хамилтон има 104, а Ботас има 75 бода.

Трката започнува утре од 20 часот по македонско време.

Инсерти од квалификациите за ГН на Канада…